418
Според Заев, одлуката на Иванов да не го потпише Законот за јазиците е “кукавичлук”.
-Жал ми е дека претседателот на земјата одлучи буквално да не го почитува Уставот и да објави дека нема да се потпише под законот за по втор пат. Тоа не е убаво, тоа е очигледно прекршување на Уставот на Македонија и, се разбира, институциите немаат право да дозволи тоа да се случи “, изјави Заев.
Премиерот истакна дека законот за јазиците – прави албанскиот да е службен јазик во земјата, а тоа според него ништо нема да промени во Македонија, ниту ќе ја поткопа иднината.
Тој ги повика институциите, Уставниот суд и Венецијанската комисија да ја објават својата позиција и толкување за законот.