Власта и опозицијата се усогласиле за Законот за СЈО, а единственото прашање кое сѐ уште е нерешено, според премиерот Зоран заев, е за тоа кој да застане на челно на обвинителството.
– Нема да чекаме до „5 до 12“, мандатот на СЈО истекува до 15 септември. Единственото прашање на кое сме заглавени е Катица Јанева и нејзиното име. Тоа треба да го решиме, не заради Европската унија, заради дома треба да го решиме. Компромисите нема да се прават на сметка на правдата. Работните групи ќе работат, има волја од двете страни, треба да се седне и да се најде компромис час поскоро. Не функционира до крај правосудниот систем во Северна Македонија заради ова нерешено прашање. Не со полн капацитет и со неизвесна иднина, рече премиерот Заев во синоќешното гостување на Клан Македонија.
Тој додаде дека ги знае ставовите на лидерите на сите параментарни партии по ова прашање и очекува да се пронајдат контурите на политичкиот договор за иднината на СЈО до крајот на јули.