Заев: Доаѓа време на ред, правда и дисциплина!

by fokus

Премиерот Зоран Заев, во своето денешно обраќање на одбележувањето на Денот на независноста, истакна дека доаѓа време на ред, правда и дисциплина.

-Влегуваме во бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот на сите нивоа. Тоа ќе биде најважната приказна. Законите се донесени, сега е време за нивно доследно спроведување, кој не сака да почитува закон, ќе се соочи со закон, рече Заев.

Заев повика секој граѓанин да се приклучи во периодот во кој следува најинтензивната македонска европеизација.

-Во граѓаните гледаме коректив, но и партнер. Следете ја нашата работа и испраќајте гласни, конструктивни и аргументирани забелешки. Ние како и досега ќе го слушаме вашиот глас, ќе ги следиме вашите потреби. Во таа насока ја повикувам и опозицијата да ги напушти тесноградите партиски интереси и да покаже државничко однесување. Патот кон независноста е поплочен со заложбите, напорите и саможртвата на огромен број генерации во македонската историја. Ја имаме неповторливата можност Северна Македонија да седне на своето столче на масата на европските држави. Тоа е шанса која нема да ја пропуштиме. Да го зграбиме моментот и самоуверено сите заедно да зачекориме по европскиот пат – слободни и отворени кон светот, рече Заев.

Тој ја спомена и борбата која претстои со Ковид-1, најавувајќи и четврт пакет на економски мерки, а потоа и заздравување на економијата.

-Оваа криза за нас е дополнителен мотив да работиме двојно повеќе. Владата ќе ја води државата кон излез од кризата со што помалку последици, како и кон брзо враќање на претходните стапки на раст на економијата. Создаваме рамка која ќе овозможи платите и пензиите да продолжат да растат, а граѓаните да имаат поголема куповна моќ. Да обезбедиме подобар животен стандард и да ја намалуваме невработеноста, рече Заев.

Поврзани новости