Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) потенцираат дека според информацијата од Диспечерскиот информативен центар на Ј.П. Македонијапат, поради интензивни снежни врнежи од 08:45 часот на патниот правец А2 Струга – Граничен премин Ќафасан се воведува забрана за тешки товарни возила.
Имено, ЦУК за денес и утре упатува апел за внимателно возење на планинските превои со зимска опрема, доволно гориво, а и движење и престој на повисоките места.
-Центарот за управување со кризи (ЦУК) апелира до граѓаните да патуваат внимателно во текот на утрешниот ден и в недела, ако тоа е неопходно, со доволно гориво во резервоарите, а секако и со соодветна зимска опрема за возилата на повисоките места и планинските превои, бидејќи е можно да се формираат навеви од снег и патните правци во одреден временски период да бидат непроодни на повисоките делници. Потсетуваме дека луѓето кои живеат во повисоките места навремено да се снабдат со основни намирници (храна и лекови) и се препорачува внимателно движење на граѓаните пеш, бидејќи е можна појава на голомразица, велат од ЦУК.