За 24 часа дури 9 починати од корона вирусот, меѓу нив пациенти на 23 и 29 години

by fokus

Во изминатите 24 часа регистрирани се нови 98 заразени со корона вирусот, но и голем број на смртни случаи, односно девет починати.

-Починати се 9 лица, од Крива Паланка (52г), двајца од Гостивар (60г и 62г), од Куманово (60г), од Велес (70г), двајца од Скопје (71г и 23г),  двајца од Струмица (29г и 44г). Oд нив 8 се починати во болнички услови, една пациентка од Струмица при транспорт кон Скопје, информираат од Министрството за здравство.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 104 оздравени пациенти од: Скопје-46, Штип-6, Прилеп-8, Тетово-9, Велес-1, Охрид-3, Гевгелија-1, Струмица-2, Крива Паланка-2, Кочани-2, Македонски Брод-5, Пехчево-4, Берово-4, Виница-2, Делчево-6, Свети Николе-1, Кичево-2.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15925,  бројката на оздравени пациенти е 13418, на починати е 661, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1846.

Поврзани новости