Ние правниците велиме дека има дела со чинење и нечинење. Молкот кога се случуваше тој настан многу зборува и не знам дали можам да го окарактеризирам тоа, ама таков говор на омраза не доликува на ниту една сериозна партија, а ниту на социјалдемократска партија, рече вечерва Гордана Силјановска Давкова, на митингот во Прилеп.
-Како еден вид реплика кон еден од противкандидите, Сиљановска Давкова рече дека бидејќи се повикува на стратешкиот партнер, ќе му каже една анегдота: „Роналд Реган во една прилика вели: Ми зборувате за мојата старост, но јас нема да зборувам за вашата младост, ама ќе победам“, рече таа и додаде дека во антиката возраста значела и мудрост.
„Се е во ред со мене и физички и психички. И подготвена сум за дебата, ама никако да се согласат за дебата пред одговорни новинари“, рече Сиљановска Давкова.
Таа нагласи дека проблемот е на тие што не сакаат претседателот на Македонија да го избираат граѓаните, туку тоа да го прави парламентот.