Возачот на Боки пред судот: Орце Камчев беше многу љубезен со Јовановски

by fokus

Стојан Арсовски, возач на обвинетиот во случајот “Рекет”, Бојан Јовановски денеска сведочеше пред судот и рече дека два пати Јовановски го носел кај бизнисменот Орце Камчев. Неговиот впечаток е дека Камчев бил многу љубезен со Јовановски.

-Те пречекувал, те испраќал, ми оставил впечаток дека сте многу блиски пријатели, беше многу љубезен, рече возачот.

На прашањето на Јовановски дали некогаш добил подарок од Камчев, возачот рече дека еднаш му дал држач за слики.

-Еднаш доби подарок држач за слики едвај го напикав во кола, рече возачот.

Тој рече дека го носел Јовановски во многу институции, ја спомна УЈП, Министерството за внатрешни работи и во Влада.

Кажа дека го возел Јовановски во Белград, Милано и на многу други места. Кажа дека во Белград во една прилика седеле со познатата текстописка, Марина Туцаковиќ и нејзиниот сопруг и тогаш сопругот му дал плико со пари кој токму возачот ги ставил во неговата ташна. Ова се случувало пред да оди Боки 13 на шопинг во Милано кога потрошил 148 илјади евра.

Јовановски му поставуваше прашања на сведокот да каже како функционирала телевизијата 1 ТВ. Тој пак зборуваше дека телевизијата работела најпрофесионално секторот за маркетинг работел посебно без никакво влијание од страна на Јовановски, а за синот на Јанева кој работеше во правната служба во телевизијата рече дека бил многу вреден и посветен.

Обвинителката Русковска приговараше на прашањето на одбраната кога го праша возачот за здравствената состојба на Јовановски. Русковска револтирано стана и рече дека одбраната на претходниот сведок, лекар не му поставиле прашање за здравствената состојба, а сега му поставуваат прашање на возачот. На забелешката на Русковска, возачот се најде „погоден“ и и рече на Русковска дека секоја професија си е професија, иако обвинителката не го кажа тоа за да го навреди.

Сепак Дукоски инсистираше на овие прашања објаснувајќи дека прашањето го поставува бидејќи прашањето го поставува бидејќи еден од сведоците тврдел дека во периодот од 10 до 21 јануари 2019 година во канцеларијата на Јовановски му биле дадени 250.000 евра.

Но, возачот тврдеше дека во тој период Јовановски по Божик бил на втора операција, а потоа бил дома и не одел на работа.

Тој спомена и за блискоста на Јовановски со Зоран Милески-Кичеец, кој често доаѓал во телевизијата и во неговиот дом, но тврдеше дека кога отишол во домот на Јовановски заедно со Ана Камчева не носеле ништо.

Ф.Ф.С.

Поврзани новости