Според сајтот Ворлдометар досега во светот вкупно се дијагностицирани 2.565.299 луѓе со корона вирус, од кои 177.775 починаа, а 696.779 се излечени.
Според тоа, активни случаи има 1.690.745 од кои 97 проценти или 1.633.448 се со лесни симптоми, додека 57.297 (3%) се во тешка состојба.
На прво место според бројот на заболени починати се САД со 819.175 случаи на заразени и 45.343 починати лица. Втора е Шпанија со 204.178 заразени и 21.282 починати, потоа Италија со 183.957 заразени и 24.648 починати.
Следуваат Франција со 158.050 заразени лица и 20.796 починати и Германија со 148.453 заразени и 5.086 починати.
Институтот за инфективни болести „Роберт Кох“ објави дека во Германија во изминатите 24 часа потврдени се 2. 237 нови случаи, додека во истиот период починале 281 лице. Како оздравени се регистрирани нешто помалку од 100 000 луѓе односно 4 200 повеќе од претходниот ден.
Од континентите, од корона вирусот најмногу е погодена Европа со 1.145 893 случаи од кои 108.003 веќе починаа.
Во Азија, бројот на заразени е 412.247 и 15.523 починати, по што следува Јужна Америка со 91.565 заболени до ковид-19 и 4.226 починати. Во Африка има 25.426 заболени и 1.197 смртни случаи.
Најмалку има во Австралија, со досега дијагностицирани 8.198 луѓе со корона вирус и 88 починати.