913
Триесет и четири второоделенци од штипското основно училиште „Тошо Арсов” и нивните две наставнички заминуваат во изолација, откако наставникот од предметна настава бил позитивен на коронавирусот.
Прекин на наставата ќе нема, бидејќи учениците и наставниците ја реализираат он-лајн.
Нови случаи на заразени вработени во штипските детски градинки се регистрирани во објектот на градинката „Астибо” во населбата „Сењак”. Воспитувачка и негователка се инфицирани, со што во изолација се испратени шест деца.