668
Девојче кое има само 4 години е заразено со коронавирус во Италија, пренесуваат локалните медиуми денеска.
Доаѓа од местото на Кастиглионе де Ада во Ломбардија, едно од десетте места во црвената зона.
Девојчето е во болница и има благи симптоми на грип, но не е во сериозна здраствена состојба.
Се претпоставува дека со вирусот се заразила во болница каде бил хоспитализиран првиот заразен со корона вирус во Италија.
Црвената зона во Италија ја чува полиција 24 часа за да се спречи неконтролирано излегување и влегување во зоната и да се спречи проширување на епидемијата.
Според достапните податоци, едно село со околу четири илјади жители е најпогодено од Ковид-19, затоа што во моментот се заразени околу 40 луѓе.