665
Повеќе од 80 килограми кокаин биле пронајдени во карго-авион „Мартинара“, чија матична компанија е КЛМ и притоа уапсени се седум лица, меѓу кои и пилотот.
Холандските медиуми објавија дека тројца уапсени се холандски државјани.
Авионот бил на меѓународен аеродром во близина на Буенос Аирес кога е пронајдена дрогата.
Локалните медиуми јавуваат дека кокаинот бил откриен непосредно пред авионот да полета за Амстердам.
Полицијата истражува дали дрогата е натоварена во Аргентина или Бразил, од каде што полетал авионот, јави РТЛ.