Дел од медиумите во Србија пренесуваат дека министерот за култура, Никола Селаковиќ синоќа бил нападнат во Белград. Нападот се случил во близина на Црвениот крст, а Селаковиќ веднаш се упатил во болница на лечње.
Селаковиќ рекол дека бил нападнат од зад грб од непознато лице.
„Одзади ме нападна непознато лице, човек кој никогаш не сум го видел. Отидов да ги посетам моите родители пред 22 часот. Тој употребуваше навреди, пцуеше и зборуваше како ќе не набие нас, СНС. Употребуваше вулгарни и непристојни изрази. Ми пријде одзади, а кога се свртев да разговарам со него, ме удри и побегна. Ме удри во главата, по левата страна од носот каде што бев расечен. Имав очила, ми паднаа, ме исечеа и ме удриа во задниот дел од левата слепоочница. Слушам од сабајле, за мене е скандалозна приказна како дошол кордонот да раздели некого. Како да дојде некој да ме раздели мене и него.“, рече министерот Селаковиќ.