Од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение обвинуват дека СДСМ продолжува со спроведување на хаос и безредие во државата, истакнувајќи дека со Законот за амнестија сакаат да го легализраат криминалот.
-Владата на Зоран Заев со законот за амнестија сака да го легализира криминалот. Со овој закон владата на СДС само уште повеќе ќе ја продлабочи кризата која самите ја креираат со нивното деструктивно владеење. Со ова ќе се загрози самата безбедност на македонските граѓани.
Зоран Заев преку овој закон ќе започне да инсталира криминална коалиција во која на подземјето ќе му удоволува со цел да одработи што е можно повеќе за партијата СДС.
Воедно свесен дека овој закон не може да го донесе пред локални избори Зоран Заев свесно манипулира со затворениците и нивните семејства. Зоран Заев со ова прави корумпирање на гласови во пресрет на изборите.
Граѓаните на претстојните локални избори на 15-ти октомври ќе го казнат СДС бидејќи се обидува преку законот за амнестија да инсталира каубојство и башибозлук во Македонија од кој директна штета ќе има македонскиот народ, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.