Владата прво го разреши Стафа, а потоа тој поднел оставка?

by fokus

Откако денеска беше објавена информацијата дека Владата го разрешила државниот правобранител Фехми Става, од Државното правобранителство излегоа со соопштение дека Става баш денеска си поднел оставка поради лични причини. Сепак од соопштението на Владата се сфаќа дека Стафа задоцнил со оставката, бидејќи прво Владата донела одлука за негово разрешување.

-Во рамки на точката за кадровски прашања, на предлог на Комисијата, Владата го разреши Фехми Стафа од функцијата Државен правобранител на Република Северна Македонија и донесе Одлука за распишување оглас за именување на нов Државен правобранител на Република Северна Македонија, велат од Владата.

Оттаму ниту споменуваат дека поднел оставка, ниту пак ја откриваат причината за разрешувањето на државниот правобранител.

Воедно информираа и за останатите кадровски решенија.

-Комисијата ја прифати оставката на Арафат Муареми и го разреши од должноста в.д директор на Управата за Финансиска полиција, орган во состав на Министерството за финансии.

Горан Иванов, го именува за в.д. директор на Управата за Финансиска полиција, велат од Владата.

Поврзани новости