ВИДЕО: Кршење и приведување на пратеници во црногорскиот Парламент

by fokus

Опозициската пратеничка, Марина Јочиќ, го сними почетокот на инцидентот во црногорскиот Парламент.

Publiée par Марина Јочић sur Jeudi 26 décembre 2019

По овој инцидент, опозициските пратеници беа приведени, а Јочиќ повика народот да излезе на улица.

Пратениците на опозицискиот фронт во Црна Гора, предводени од Андрија Мандиќ, предизвикаа инцидент во црногорскиот Парламент.

Тие се обидуваат на ској начин да го спречат носењето на Законот за верски слободи, со кој, покрај другото, црногорската држава ќе стане сопственик на верските објекти за кои верските заедници нема да може да докажат сопственост.

Такви објекти во Црна Гора има најмногу на Српска православна црква. Инаку, рано утринава Собранието го усвои Законот за слобода на вероисповедта.

За предлог законот гласаа 45 пратеници, додека немаше гласови против или воздржани. Претходно беа одбиени сите амандмани поднесени од Демократскиот фронт (ДФ).

 

 

 

Поврзани новости