(ВИДЕО) Град ги затрупа улиците во Сплит, се чистеле со багери

by fokus

Откако Сплит претходно го зафати силно невреме со грмотевици, пристигнаа нови фотографии и видеа од Далмација, кои се прилично неверојатни, пренесува Вечерњи лист.

„Сплитската рива ја затрупа град, а благодарение на работниците и машините на општинската комунална постројка сѐ исчисти. Браво за тимот!“, напишаа на Фејсбук од Доброволното противпожарно друштво Св. Филип и Јаков.

Телевизијата Диадора, која носи вести од Задар и Шибеничко-книнските жупанија, објави видео на својот Фејсбук профил на кое може да се види како градот бил толку многу покриен со град што фреквентните улици морале да се чистат со багери.

Поврзани новости