Демонстранти вечерва покрај домот на пратеникот Љубен Арнаудов го посетија и домот на пратеникот Сашо Василевски, исто така обвинет во случајот „27 април“. Тие на пратениците им доставија писма, со кои бараат од пратениците да не гласаат за уставните измени.
Василевски искоментира дека писмото му е доставено предоцна.
„ Јас го притиснав зеленото копче без притисок и без грам на совест која би ме мачела. Тоа е бидејќи лажниот патриотизам кој 30 години не мачел, да го ставиме зад врата. Македонија има еден пат, а тоа е ЕУ и НАТО. Ќе се борам како пратеник да го јакнеме стратешкото партнерство со САД. Тоа можам да ви го гарантирам, бидејќи е единствена наша перспектива. Лажниот патриотизам ќе биде присутен уште некое време и ќе го нема“, рече Василевски.