503
Покрај барањето за задолжителната вакцинација на вработените во јавниот сектор, од Комисијата за заштита од заразни болести препорачуваат задолжителна вакцинација против Ковид-19 и на сите здравствени работници.
-Уште една нова мерка е и препорака вакцинацијата да биде задолжителна за сите здравствени работници, истакна министерот Венко Филипче на денешната прес конференција.
Тој појасни дека овие мерки треба да стапат на сила 10 дена откако ќе ги усвои Владата, за да граѓаните имаат време да се вакцинираат.