Утре ќе биде познато дали Грујевски и Бошковски ќе бидат вратени во Македонија

by fokus

Поранешните разузнавачи Горан Грујевски и Никола Бошковски утре ќе ја слушнат одлуката на Советот на судии во Солун во врска со македонското барање за нивна екстрадиција.

Судот во Солун на 22 декември требаше да ја соопшти денесената одлука за барањето на Македонија за екстрадиција на Грујевски и Бошкоски, кои во земјава се обвинети од Специјалното јавно обвинителство за нелегално прислушување и за уништување опрема за прислушување, но во судот во Грција немаше кој да ја прочита одлуката на македонски јазик поради неможноста да се најде преведувач.

Поврзани новости