Учесниците на тендерот за нов Клинички бараат увид во документацијата

by fokus

Фирмите учеснички на тендерот за изградба на новиот Клинички центар поднесоа жалби и бараат пристап до извештаите на Комисјата за евалуација. Се бара увид на податоците доставени за техничкиот дел, но и економската понуда, дознава Телевизија 24.

Телевизја 24 ги објави документите, според кои, понудата на конзорциумот Гранит, Бетон, предводена од  италијанската „Инсо системи“ која иако има негативена бонитет е вреднувана за најповолна, спортивно на тендерските услови.

Министерот Никола Тодоров, пак, уверува дека  постапката се води заедно со експерти од банката кредитор и дека можноста за грешка е ставена на минимум.

-Жалбата ќе биде разгледана и од Комисијата и од банката, но како што ве известив, за секој чекор на Комисијата, банката дава согласност. Сепак станува збор за банка на Совет на Европа и не верувам дека од банката на Совет на Европа може да направат таков превид и да дозволат фирма којашто има негативен бонитет да биде избрана за изведувач, вели Тодоров.

 

Поврзани новости