Убиство во скопско Блаце – убиен таткото на осомничениот за убиството на Оки?

by fokus

Убиство на локалниот пат од Долно кон Горно Блаце било пријавено вечерва во Свр Скопје, потврдија за Фокус од МВР.

-Во 18.10 ч. во СВР Скопје е пријавено дека во близина на локалниот пат од Долно кон Горно Блаце, Н.Т. го пронашол неговиот брат З.Т. (56) без знаци на живот, со прострелни рани од огнено оружје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Според нашите неофицијални и непотврдени информации, убиениот е татко на Гани Туша, осомничен за убиството на Орхан Бајрами Оки, еден од водачите на Дуќанџик, што се случи во Грција. Освен за ова убиство, Туша беше осомничен и за двојното убиство во „Шиша бар“ каде една од жртвите беше Јетон Кривањева Жила.

Туша е осомничен и за други кривични дела и моментално е во притвор во затворот во Шутка.

Ф.Ф.С.

Поврзани новости