Поранешениот директор на ЕСМ Васко Ковачевски е еден од десетината осомничени во денешната акција на МВР, поврзана со работењето на РЕК Битола, ТЕЦ Осломеј и во ТЕЦ Неготино, неофицијално дознава Фокус.
Станува збор за 29 осомничени лица, меѓу кои Ковачевски, поранешен директор на ЕСМ и поранешен член на Управниот одбор на компанијата. Според првичните информации, Ковачевски засега не е меѓу уапсените, но се трага по него.
Во акцијата опфатени се и четири правни лица од Велес, Неготино, Битола, Кичево и од Скопје.
Од МВР најавуваат детали за подоцна, а она што засега е познато дека уапсени се голем број на физички лица, а опфатени се и неколку правни лица од повеќе градови.
-Во тек е полициска акција во координација со ОЈО ГОКК. По завршувањето на истата ќе ја известиме јавноста, велат од МВР.
Според првичните неофицијални информации, се истражуваат сомнителни јавни набавки, тешки неколку милиони евра.
И.М.