Откако дел од медиумите објавија дека сметката на 1ТВ е блокирана, а информацијата ја потврди и Управата за јавни приходи (УЈП), со реакција се огласи и менаџментот на телевизијата.
-Во врска со тенденциозните информации објавени во одредени медиуми дека е блокирана сметката на 1ТВ, менаџментот на телевизијата ја информира јавноста дека сметката на 1ТВ е активна, што може да се утврди и со увид во банкарска потврда.
Воедно, ваквите дезинформации ги оценуваме како злонамерни, кои имаат за цел да го нарушат угледот на телевизијата, предизвикувајќи и материјална штета, но и да внесат забуна кај клиентите и гледачите, велат од 1ТВ.
Од Обвинителството за организиран криминал и корупција и од Основното обвинителство, за „Фокус“, појаснуваат дека во моментот немаат отворено предмет со кој би се истражувал финансиското работење на 1ТВ.