Грчкиот премиер Алексис Ципрас во интервјуто за утрешното издание на весникот “Етнос“ изјави дека “никогаш не постоела македонска нација во античко време, како што не постоела ниту нација на Атињаните и Спартанците.“
„Независен“ го објавува прашањето и одговорот во целост на Ципрас.
Етнос:И со прашањето за македонската нација?
Ципрас: Македонска нација никогаш не постоела во античко време, како што не постоела и нација на Атињаните или Спартанците. Античка Македонија беше голема сила на античкиот грчки свет која се прошири, особено во времето на Александар Велики , многу пошироко од денешната географски област Македонија.
Од 7 век па натаму, се населиле на ова место сукцесивно, покрај Грците и Словени, Бугари, Срби, Евреи, Отоманци. Денес, оваа поширока географска област припаѓа на три различни држави. Во оваа смисла е сосема спротивно на историјата и апсурдно некои да побарат ексклузивност на Македонија и во смисла на етничка идентификација.
Меѓутоа, не е апсурдно терминот Македонија да е вклучен во сложено име, со географска или временска одредница која ќе важи за сите, така што да биде јасно дека никој не бара територии или историја на други народи.