Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Во утринските часови во крајните југозападни делови на земјава ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег, особено повеќе ќе бидат застапени во западниот дел на земјава. Преку денот врнежите ќе престануваат, информираат од УМХРМ.
Утринската температура ќе се движи од три до седум, а дневната од 10 до 19 степени.
Во Скопје слично време, облачно, во раните утрински часови можен е слаб краткотраен дожд, а ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе достигне до 13 степени.
Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно и релативно потопло време со сончеви периоди, но локално ќе има и повремени врнежи од дожд, а на планините повисоки од 1.800 метри надморска висина ќе има врнежи од снег. Ќе дува повремено засилен ветер претежно од јужен правец, поизразен ќе биде на планините. Ваквата временска состојба ќе овозможи нагло топење на снежната покривка.