Таткото -херој кој ги спасуваше децата од „автобусот на смртта“

by fokus

Таткото – херој на трагедијата во Ниш е Милан Лазиќ од Ново Село, кој кога слушнал за несреќата веднаш со трчање се упатил да помогне, во автобусот била и неговата ќерка.

-Ме повика ќерка ми, која беше во автобусот. Кога се појавив таму, беше страшно. Сите бараа помош, сите беа беспомошни. Млади деца плачат, не можат да дишат, раскажува потресениот родител за српските медиуми.

Тоа што го видел го потресло. Ги познавал децата кои биле во автобусот, па набргу ги повикал и нивните родители. Потоа ја зел својата ќерка и уште едно повредено девојче и ги однел во нишката болница.

-Ја зедов ќерка ми и уште едно девојче со скршени ребра и ги однесов во болницата. Тоа девојче има нагмечен црн дроб и скршени ребра. Мојата ќерка има отечен десен капак и не гледа на тоа око, раскажува Милан Лазиќ.

Истрагата за несреќата во близина на Ниш се уште не е завршена, а возачот на автобусот е во кома. Докторите се борат да ги спасат животите на три тешко повредени патници во автобусот на кој налета воз и го преполови.

Поврзани новости