Судијата Осман Шабани ќе им суди на обвинетите во „Талир“

by fokus

Откако обвинението за случајот „Талир“ доби зелено светло од Кривичниот суд, наскоро ќе започне и судењето, кое ќе го води судијата Осман Шабани, информираат од Кривичниот суд.

Во овој случај за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ од 2009 до 2015 година  обвинетите се поранешни високи функционери на партијата, односно Никола Груевски, и неговите доскорашни соработници Кирил Божиновски, Миле Јанакиевски, Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска. Сепак на Чингаровска нема да и се суди, бидејќи таа неодамна доби двегодишна условна казна откако се спогоди со СЈО и призна вина.

Судијата Осман Шабани ги води предметите „Титаник“, „Топлик“ и повторената постапка за „Монструм“.

Специјалното јавно обвинителство на 22 ноември минатата година до скопскиот Кривичен суд поднесе два обвинителни акта како резултат на спроведената истражна постапка во предметот познат во јавноста како „Талир“. Вториот обвинителен акт за истиот предмет, што се однесува на незаконска изградба, се уште се наоѓа кај судија за оценка на обвинителен акт.

Поврзани новости