Судењето за „Моќник“ ќе продолжи на 23 април

by Fokus

Продолжението на судењето за случајот „Моќник” е закажено за 23 април, откако на денешното рочиште обвинетите се произнесоа дека не го прифаќаат обвинението поднесено против нив и не се чуствуват виновни за кривичните дела кој им се стават на товар.

Поопширно образложение во ова имаше еден од обвинетите Шпенд Винца, кој истакна дека се трудел да го разбере обвинителниот предлог, односно негова поврзаност со лица кои, како што рече, ниту ги знаел, ниту ги видел, ниту разговарал со нив.

– Ако има прислушувани разговори нека ги презентираат ќе ги признам. Како може човек да влијае врз мене кога првпат го гледам во судница. Обвинителниот предлог го отфрлам во целост и не се чувствувам виновен, изјави обвинетиот Винца при неговото произнесување за вината.

Поврзани новости