Цетиње за само две години го потресоа две страшни трагедии. Граѓаните, неутешни од тага за невините животи изгубени во овие страшни масакри, се чувствуваат изгубено и не знаат што понатаму.
Тие вечерва им оддаваат почит на жртвите од масовното убиство во кое животот го загубија 12 лица. Пред споменикот на вилата во Цетиње од 17 часот почна палењето свеќи за трагичните жртви од вчерашниот масакр, објавија црногорските медиуми. Собирот за поддршка на семејствата на жртвите го организираа членовите на семејствата на жртвите во август 2022 година во населбата Медовина, објави Телеграф.
Ацо Мартиновиќ од Цетиње вчера со огнено оружје уби 12 лица, а четворица тешко рани. Мартиновиќ починал на пат кон болница откако се обидел да се самоубие пукајќи си во главата.
По трагичниот настан, Владата на Црна Гора прогласи тридневна жалост, која стапи на сила денеска, а знамињата во Цетиње се на половина копје.
На 12 август 2022 година се случи трагедија во населбата Цетиње во Медовина, кога Вук Бориловиќ уби 10 лица, меѓу кои и две момчиња.