557
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, пред дуќан на улица „Македонија“ во центарот на Скопје кажуваше гатанка во која одговорот води кон првиот вицепремиер, Артан Груби.
„Ниту ден тој не губи, од крадење се уби, парите баш ги љуби и се вика?“, гласи гатанката на Стоилковски кажана од пред, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, најновиот дуќан на братот на Груби.
Од опозициската партија изминатите денови го обвинуваа првиот вицепремиер за нелегални активности, меѓу што прашуваа и како неговиот брат купува дуќан од половина милион евра кога неговата фирма четири години работи со загуба.