Стоилковиќ за Груевски: Ситни и безимени луѓе секогаш се качуваат на телата на паднатите жртви, јас нема да бидам таков!

by fokus

Иван Стоилковиќ, претседателот на Демократската партија на Србите нема да гласа за одземање на пратеничкиот мандат на Никола Груевски. Тој својот став го соопшти преку социјалната мрежа фејсбук.

-Отсекогаш и секаде било и останало, ситни и безимени луѓе да се качуваат на телата на паднатите жртви паднати во меѓусебните пресметки на големите. Јас нема да бидам помеѓу тие и таквите, па макар бил единствениот што сам ќе остане на барикадите на вистината. Не ми е прв, се надевам нема да ми биде ни последен пат по важни прашања да останам на моралната страна од настаните. Кој разбира ќе сфати, напиша пратеникот Стоилковиќ.

Собраниската седница за одземањето на пратеничкиот мандат на Никола Груевски треба да се одржи наредната недела. ИК на ВМРО-ДПМНЕ веќе донесе препорака нивните пратеници да гласаат за одземање на мандатот. Одземање на мандат на пратеник се донесува со двотретинско мнозинство во Собранието.

Поврзани новости