483
Додека пратеникот Мухамед Зекири пеку пресметка на гласовите од 2016 година покажува дека ДУИ, а не Албанците, би загубиле пратенички места, доколку се гласа во 1ИЕ, вицепремиерот Бујар Османи излегува со поинаква пресметка. Тој тврди дека Албанците би изгубиле, а не неговата матична партија.
Според него, со една изборна единица ДУИ добива два пратеника повеќе, но така губат Албанците.
– Вистина е дека една изборна единица повеќе му одговара на ДУИ, затоа што математиката вели дека ДУИ како најголема албанска партија може да земе два пратеника повеќе со една изборна единица отколку со шест, но ќе се намали бројот на албански пратеници, од осум до 10 пратеника. Па сега вие оценете дали е подобро ДУИ да добие два пратеника повеќе или Албанците да загубат осум или 10 пратеници – изјави Османи.
Инаку во четвртокот од пратеничката група на ДУИ поднесоа речиси 5.000 амандмани на предлог–измените на Изборниот законик.