Соработникот на Флинт откри дека музичарот извршил самоубиство

by Fokus

Кит Флинт, фронтменот на групата ,,Продиџи” извршил самоубиство во својот дом во Данмоу. Веста за обожавателите на музичарот ја потврди на својот Инстаграм профил неговиот близок пријател и соработник Лиам Хаулет, кој го формираше бендот во далечната 1990 година.

-Веста е вистинита, не можам да поверувам дека ова го кажувам, но нашиот брат Кит си го одзеде животот за време на викендот. Шокиран сум, лут, збунет и со скршено срце… Почивај во мир – напиша Лиам.

- Advertisements -

Полицијата од Есекс исто така ја потврди смртта на 49-годишниот Флинт за британските медиуми.

-Добивме повик за загриженост за состојбата на маж чија адреса е во Брук Хил, во осум часот и десет минути во понеделникот (денес). Го затекнавме мртов – изјавиле од полицијата.

Британецот беше препознатлив лик на светската музичка сцена и остави голем број на хитови зад себе. Беше во брак со Мајуми Каи, која е познат диџеј од Јапонија.

Вики Клинчарова

Поврзани новости