Сообраќајка на патот Прждево -Демир Капија, сообраќајот блокиран и во двата правци

by fokus

Сообраќајна незгода која се случила денеска на пладне на патот од село Прждево кон Демир Капија целосно го затворила за сообраќај регионалниот пат 1102 во двата правци.

Оваа информација ја соопштија од АМСМ, посочувајќи дека патот е затворен за сообраќај.

Засега нема информација колку возила учествувале во несреќата и дали има повредени.

Поврзани новости