Сончeво со температурa до 25 степена

by fokus

Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 9, а максималната ќе достигне од 19 до 25 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Следува период на стабилно време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. Од сабота по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.

Поврзани новости