Случајот „Тарифа“ кој го покрена згаснатото СЈО падна на Апелација, односно второстепениот суд ја укина првостепената пресуди и случајот го врати на повторно судење.
-Второстепениот суд ја укина првостепената пресуда – КОК бр. 51/17 од обвинителството означен како „Тарифа“ и предметот го врати на повторно судење, при што е заведен нов предмет со КОК бр. 123/21 за кој откако ќе биде насрочен термин за отпочнување со главната расправа, странките и јавноста ќе бидат дополнително известени, информираат од Кривичниот суд.
Според првостепената пресуда, која сега е укината, на тригодишни затворски казни беа осудени поранешниот генерален директор на АД „ЕЛЕМ“, Дејан Бошковски и вработените Методиј Стојменовски и Ненад Ѓорговски кои Судот ги прогласи за виновни за злоупотреба на службената положба и овластувањето при набавка на софтверски систем за компанијата.
Бошковски беше осуден за злоупотреба на службената должност како директор на АД „ЕЛЕМ”, додека Стојменовски и Ѓорговски за злоупотреба на службена положба и овластувања со потпишување и издавање сертификати, бидејќи наводно нанеле штета на компанијата од девет милиони денари.
Судскиот процес го водеше судијката Софче Гаврилова Ефремова, а застапник на обвинението е Трајче Пеливанов.