Министерот за финансии на Словачка и вицепремиер, Игор Матович денеска со тесен резултат го преживеа гласањето доверба во Парламентот, јави ДПА.
Матович е основач и лидер на најголемата владејачка партија „Обични луѓе и независни личности“-ОЛаНО.
Да не го преживееше гласањето, тоа ќе ја собореше коалициската малцинска влада во Братислава, и ќе ја турнеше во натамошна криза.
Од 124 присутни парламентарци, 73 гласаа против Матович, за три помалку од потребното апсолутно мнозинство за изгласување недоверба.
Само 45 членови на Парламентот гласаа министерот за финансии да остане на функцијата.
Некои пратеници од неговата партија се држеа настрана од гласањето, изјавувајќи дека не сакаат да го урнат партискиот лидер, но,и дека не сакаат ниту да ја изразат нивната доверба во него.
Неговите противници го обвинија за хаотично и своеволно управување со министерството.
Поради слични тврдења словачките либерали во март 2021 година го принудија Матович да поднесе оставка и од челното место во слобачката Влада. Тогаш, тој ги замени функциите со некогашниот министер за финансии, а сега актуелен премиер Едуард Хегер.
Матович сè уште се смета за човекот кој ја држи вистинската моќ во владејачката партија.