Приватната болница „Систина“ преку суд бара од Бојан Јовановски-Боки 13 да ѝ исплати 10.400 евра, долг кој наводно не го подмирил. Во Граѓанскиот суд денеска требаше да се оддржи рочиште, но истото беше одложено бидејќи адвокатот на Јовановски му го откажал полномошното.
Јовановски пак цело време се жални на здравствени проблеми и тоа предизвикани од неуспешниот оперативен зафат кој го имал во „Систина“, за стеснување на желудникот, поради што и речиси секој втор ден од истражниот затвор „Скопје“ се носи на скопските клиники. Во јавноста се шпекулираше дека и Јовановски ќе поднесе контра тужба против болницата, како и за тоа дека претходната операција требало да се подмири со компезација преку 1ТВ.
Јовановски и во Апелациониот суд, на јавна седница, ги откри своите здравствени проблеми, поради што бараше укинување на мерката притвор.
-Покрај тоа што сум два пати неуспешно опериран, би додал дека мојата состојба е животно загрижувачка. И покрај волјата на затворскиот лекар да помогне, во затворот нема услови. Операциите се по сопствена волја, но со лекарска грешка. Некаков нерв од желудникот ми е пресечен и затоа ми се враќа храната. Имам проблем и со белите дробови, рече Јовановски пред Апелационите судии.
Наредното рочиште е одложена за 20-ти декември.