671
Пратеничката Гордана Силјановска, на денешната собраниска расправа заклучи дека новата влада ќе биде машка, по однос на соодносот на мажи и жени министри.
-Оваа влада е изразито машка, 20 мажи и само 4 жени. Што друго да кажам, рече Силјановска.
Таа во продолжение истакна дека никој не сака да навреди, користејќи изјава на британски професор.
-Моментот на формирањето на владата потсетува кога во зоолошката градина се хранат животните. Тоа не е навредливо, не сакам никого да навредам, туку реалност која тој ја наведува, истакна Силјановска.
Во моментот пратениците се на пауза, а набрзо седницата ќе продолжи и ќе трае до 19.30 часот.