Се урна мал авион во близина на Загреб

by fokus

Авион со четворица членови на екипажот се урна попладнево во близина на Загреб, пренесуваат дел од регионалните медиуми.

Според информациите, најверојатно се работи за спортски, тренинг или туристички авион кој се урнал во Јеждовац.

Потрагата е во тек, лансирани се дронови кои се обидуваат да го лоцираат авионот и да стигнат до местото на несреќата.

Поврзани новости