Се конфискуваат становите и плацевите на Груевски

by fokus

Тајниот имот на екс премиерот Никола Груевски, кој беше откриен во случајот „Плацеви на Водно“, ќе биде конфискуван во корист на државата.

Ова денеска го истакна судијата Илија Трпков, при објавата на пресудата, со која Груевски беше осуден на казна затвор од 7 години, Сашо Мијалков на една година и три месеци, а бизнисменот Орце Камчев на една година затвор. Додека пак обвинетите Ристо Новачевски и Ненад Јосифовиќ добија условни казни од две години.

Судијата истакна дека ќе се конфискуваат трите плаца на Груевски, во местото Шербетница, со вкупна површина од 11.000 метри квадратни, еден плац од 2.700 квадрати на Водно, три стана во комплексот „Панорама“ со вкупна површина од 750 квадрати, два стана на Павел Шатев и два плаца во Крушево.

Судењето за овој случај траеше девет месеци. Предметот беше отворен од згаснатото СЈО, а застапник на обвинението е обвинителката Лиле Стефанова.

Поврзани новости