Србија е единствената земја-кандидат за членство во ЕУ која не се согласи со донесените надворешно-политички одлуки на Советот на Европската Унија. Одлуките се во делот на кршењето на човековите права поврзани со Украина.
Во соопштението од денеска, високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, изјави дека на 12 март 2024 година, Советот на ЕУ ја усвои Одлуката за продолжување на рестриктивни мерки против поединци и ентитети кои го поткопуваат територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина, за уште шест месеци, а истиот ќе трае до 15 септември 2024 година.
Србија, не се согласи со одлуката на Советот донесена на 22 март 2024 година за вклучување на 33 физички лица и два правни субјекти на списокот, за кои се воведени рестриктивни мерки, поради масовни прекршувања и злоупотреба на човековите права.
Со двете нови одлуки на Советот на ЕУ, сите земји кандидати за членство во ЕУ од Западен Балкан, освен Србија, а останатите меѓу кои се Северна Македонија, Црна Гора, Албанија и Босна и Херцеговина се усогласија, со што ќе се осигура дека нивните национални политики се во согласност, а ЕУ ја забележува оваа заложба и истата ја поздравува, се наведува во соопштението.