Русија го киднапираше генералниот директор на нуклеарната централа Запорожје, обвини Украина

by fokus

Генералниот директор на окупираната од Русија украинска нуклеарна централа во Запорожје, е задржан од руска патрола, соопшти денеска украинската државна агенција задолжена за централата Енергоатом.

Игор Мурашов вчера околу 16 часот по локално време бил приведен на пат од најголемата европска нуклеарна централа кон градот Енергодар, се наведува во соопштението на компанијата.

Тој е изваден од автомобилот и со врзани очи е одведен во непознат правец, се вели во соопштението.

„Неговото приведување од страна на (Русија) ја загрозува безбедноста на Украина и најголемата нуклеарна централа во Европа“, изјави претседателот на „Енергоатом“ Петро Котин и побара од Русија веднаш да го ослободи Мурашов.

Русија засега не потврди дека го привела директорот на централата.

Поврзани новости