Професорката Фросина Ременски остро реагира на клеветата дека наводно некој од локалното население украл моторна пила од австриските пожарникари.
-Не, не! Никој, ама никој, па и тие “што (наводно) први дознаваат” и дезинформираат не можат да “препишат и налепат” кражба на моторна пила на било кој жител на Малешевијата за време на пожарите. Ни во лудило!
Токму тие Малешевци оставаа деца, жени, родители и гинеа да ги бранат сите кога ќе пукнеше некоја безбедносна криза (намерна или ненамерна) и кога сите дезертираа и бегаа по плажите. Исто како со пожарите сега …
Кој не знае каков е животот “фоф гората” нека не скока. Секоја куќа, “нема каш’ча”, во буквална смисла на зборот, не само што има пили, “џаги и што ли ошче не”, него може да ги стави на располагање и на државата …, ако таа имаше план!
Секој што сака да фрли сенка на надчовечкиот напор на доброволците од Малешевијата е јаден и безобразен – треба да се засрами!, напиша Ременски на фејсбук.