509
Рочиштата за предметот „Рекет”, закажани за 19 и 20 мај се одлoжуваат за 25 и 26 мај, соопшти денеска Основниот кривичен суд Скопје.
– Заради интерес на медиумите и набљудувачите од невладините и меѓународните организации кои го следат судењето со КОК.бр. 116/19 во јавноста познат како „Рекет“, ја информираме јавноста дека по барање на Јавниот обвинител, продолжението на главната расправа за 19 – ти и 20 – ти мај 2020 година, се одлага, информираат од ОКС – Скопје.
На следното рочиште за „Рекет“ предвидено е завршни зборови да даваат обвинителството и одбраната.