471
Два килограма марихуана бил спакувани во најлонска ќеса, и биле ставени во автобус кој транзитирал од Скопје до Дортмунд, информираат од МВР.
-На 07.04.2018 година во 11,35 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-с.Миладиновци во патнички автобус со скопски регистерски таблици кој сообраќал на релација Скопје-Дортмунд, била пронајдена една најлонска ќеса оставена внатре во автобусот, а за која никој од патниците не се јавил како сопственик. Од страна на полициска патрола од Полициската станица Петровец било утврдено дека во најлонската кеса има четири паковки марихуана со вкупна тежина од околу два килограми. Се работи на целосно расчистување на случајот, информираат од МВР.