886
Професор од Тетово осомничен за обид за силување на осумгодишно девојче, вчера околу 16 часот си го одзел животот во затворот во КПУ Скопје, потврдија за МИА од затворот.
Шеесет и едногодишниот професор се обесил во ќелијата каде што бил сместен, а откако бил пронајден била констатирана смрт.
Тој беше уапсен на крајот на февруари годинава под обвинение за обид за силување на малолетничката. Обидот за силување го пријавила мајката на девојчето.