794
Денеска во Кривичниот суд продолжува судењето за случајот “Таргет и Тврдина”, односно за масовното нелегално прислушување во УБК.
Како сведоци на обвинителството се повикани десетина новинари и уредници, кои во судница ќе се соочат со обвинетите, меѓу кои и некогашниот директор на УБК, Сашо Мијалков.
Од новинарите ќе сведочат Јадранка Костова, Борјан Јовановски, Младен Чадиковски, Васко Попетрески, Душица Мрѓа…
Освен новинарите, како сведоци се повикани и неколку политичари, меѓу кои Горан Сугаревски, Фросина Ременски…
Мијалков е веќе во судница, а од судењето за случајот “Титаник” се чека да пристигне поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.