Пресуда на Управниот суд: Судскиот совет не образложил зошто ја разрешил Дамева

by fokus

Додека Судскиот совет расправа за пресудата на Управниот суд дека со која Весна Дамева се враќа на претседателската функција во Судскиот совет, од судот ја објавија одлуката во целост.

Според неа, Советот не ги образложил причините за разрешувањето на Дамева.

-Во конкретниот случај, Судот најде дека образложението на оспорената Одлука е нејасно, односно тужениот орган во истата не дал никакви образложени причини поради кои го разрешува од функција сега тужителот, не ги навел доказите врз основа на кои е утврдена фактичката состојба, посебно ниту утврдените факти, кои што согласно утврдената фактичка состојба упатуваат на донесување на онаква Одлука како што е дадена во диспозитивот на истата.

Имено, во образложението на оспорената Одлука, тужениот орган само навел
дека со мнозинство на гласови на членовите со право на глас била изгласана недоверба на сега тужителот како претседател на С. с., по што и била донесена Одлуката за разрешување со мнозинство гласови од присутните членови со право на глас. Во истото не се наведени ниту причините поради кои барањата, предлозите и тврдењата од сега тужителот не биле земени во предвид, ниту се наведени законски одредби, по кои била спроведена постапката која претходела на донесувањето на оспорената Одлука, со оглед на тоа дека истиот само се повикува на член 38 од Законот за Судскиот совет на Република С.М., со која законска одредба само се регулира работата на седници на Совет, се наведува во Одлуката на Управниот суд.

Поврзани новости