830
Од посебна просторија во Собранието, вечерва за новата влада гласаше пратеник од владејачкото мнозинство. Тој бил изолиран, бидејќи, како што рече претседателот Талат Џафери, е позитивен на корона вирусот.
Џафери, освен што кажа дека пратеникот е од владејачкото мнозинство, не го откри неговото име.
Со неговиот глас „ЗА“, новата влада беше избрана со вкупно 62-гласа.